Бизнис објектив Вести Економија Топ вести

Бизнис објектив: За една година, над половина милијарда евра биле инвестирани во станови во Македонија

Лани во Македонија се купиле скоро 8.000 станови со вкупна вредност од 545 милиони евра, додека вкупниот износ на договорите за купопродажба на куќи изнесува 214 милиони евра, покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.

Најатрактивни за купување стан се скопските населби Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода.

Најскапиот стан според цената за метар квадратен лани се продал во Аеродром. За 44 квадрати новиот сопственик платил 166.500 евра, според што цената за квадрат изнесува 3.784 евра.

Најскапата гаража, пак, е продадена во Аеродром, каде за 24 квадрати гаражен простор купувачот платил дури 30.150 евра, или 1.250 евра за квадрат.

Значи, очекувани ни е дека нова зграда во центар на Скопје, во најатрактивниот дел во центар на Скопје дека цената се движи околу 3.000 евра за метар квадратен, нели тука се движат и Карпшош и Аеродром, потоа доаѓа Кисела Вода, доаѓа Гази Баба, доаѓа Ѓорче и како помалку атрактивни општини од територија на општините во градот Скопје морам да ги истакнам Бутел и Чаир остануваат и заостануваат во овој дел. Тука, исто така, практично се отсликува истиот аспект и во делот на закупите. Надвор од град Скопје, најатрактивна општина за инвестирање е градот Охрид, кој што сам по себе е феномен, можам да кажам во купопродажбите, затоа што на територија на Охрид може да се најде стан во изградба за 1.300 евра, меѓутоа може да се најде и за 3.300 евра, што значи дека Охрид е еден од феномените, вели Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Но, во услови на повеќегодишна градежна експанзија и континуиран раст на цените, се поставува прашањето кој купува станови?

Според информациите од директорот на Катастар, најзастапени меѓу купувачите се тие што имаат потреба да го решат своето станбено прашање. Статистичките податоци покажуваат дека околу 90 проценти од Македонците живеат во сопствен дом, за разлика од Европската Унија, каде што тоа е случај со помалку од 70 отсто, а другите се одлучуваат цел живот да живеат под кирија.

Втората група најчести купувачи се тие кои во недвижнините гледаат средство за инвестирање. Го купуваат станот на почеток на градба, а го продадат откако ќе биде изграден или година-две подоцна, и на тој начин заработуваат.

И третата категорија се гастарбајтерите од Македонија, кои најчесто инвестираат во имот во Скопје или Охрид, за кога доаѓаат во земјава да престојуваат во сопствен дом.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе