Вести Економија Македонија

ДУИ: Потребни се итни чекори за ублажување на кризата

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Во овој период Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ.

Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите, посочуваат од опозициската партија.

-Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните. Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:

– Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
– Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
– Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
– Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз, стои во соопштението на ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клиничка болница-Штип со апел: Пациентите со скршеници да се транспортираат во другите болници

Kristina Kuzmanovski

Блупринт групата бара темелна истрага за загадувањето на водата

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски: Од опозицијата зависи дали ќе има нови обиди за носење на Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе