Вести Економија Топ вести

Бауш: Државата треба да ги среди работите дома за да привлекува инвеститори, лани биле покуси за над 700 милиони евра

Новите глобални случувања ќе ги натера компаниите да се воздржат од нови вложувања, што дополнително може да ја спушти бројката на странски инвестиции во земјава, која според последните податоци е значително намалена. Експертите коментираат дека во ваква ситуација, кога постојано се отвораат воени жаришта, парите на инвеститорите наместо во производство, ќе завршат во воена индустрија, односно за оружје, сектор кој кај нас не е доволно привлечен за инвеститорите.

„Целата индустрија не оди веќе во производство, туку оди во одбрана и тоа треба да го имаме во предвид. Ние немаме одбранбена индустрија, а сите се фокусирани таму. Автомобилската индустрија во Европа веќе има големи падови, а ние да не заборавиме дека тие странски инвестиции беа токму во оваа категорија. Тие своите инвестиции веќе ги префрлаат во одбрана“, изјави економскиот аналитичар Абил Бауш.

Последните податоци на НБРМ покажуваат дека лани имало над 700 милиони евра помалку странски инвестиции во однос на 2024 година. За познавачите, ваквите бројки се загрижувачки. Препорачуваат државата прво да ги среди работите дома, а потоа да донесе нова стратегија за привлекување, затоа што постоечката не дава резултати.

„Политички ние немаме некое добро тло со кое што би привлекле странски инвестиции. Затоа треба да бидеме реални. Ако ние прво дома не ги завршиме работите со реформи, со интегрирање кон тој голем европски пазар и тука треба некои работи да се сменат“, додава Бауш.

Неодамна, првиот човек на ТИРЗ во „Топ тема“ кажа дека падот на странските инвестиции кај нас е поради тоа што се префрлаат пари од тука во матичните компании.

„Во 2025 година компаниите странски во Македонија давале заеми на компаниите странски најверојатно за да им помагаат на компаниите во странство“, изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во „Топ тема“.

Македонија извесен период нема стратегија за привлекување нови инвестиции. На нова се работело, но Димиовски не прецизираше кога точно ќе биде готова.

Последно се пишуваше дека компанијата „Гентерм“ во Прилеп ќе отпушта вработени, „Дура“ го затвора погонот, „Аптив“, пак, до крајот на годинава треба да замине. Сепак, надлежните уверуваат дека се преговара со нови инвеститори.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе