Вести Култура Топ вести

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Во Еквадор, на 58 годишна возраст, почина актерот Кирил Поп Христов – Кили. Веста за неговото заминање од животната сцена, на социјалните мрежи ја споделија од неговото семејство.

Кили беше актер, свиреше пијано и компонираше. Како човек беше искрен и бескомпромисен во своите ставови, а како актер, голем посветеник и одговорен работник.

Поп Христов дипломирал актерство на ФДУ Скопје во 1989 година, во класата на Љубиша Георгиевски. Одигра бројни улоги на матичката сцена – МНТ, каде настапуваше од доцните 80-ти години, а потоа и како вработен од 1993 до 2014 година и кратко во 2018 година.

Меѓу нив се: Дон Хусман во „Свадбата на Фигаро“, Антинор во „Троил и Кресида“, Пејачот во „Мара/Сад “, Крсто во „Ослободување на Скопје“, Џиги во „Павилјони“, Осман бег во „Македонска крвава свадба“, Микољка во „Злосторство и казна“, Срета во „Народен пратеник“, Јохансон во „Соната на сеништата“, Принцот во „Ричард Трети“, Мишка во „Ревизор“, Пијанистот во „Баал“, итн.

Меѓу неговите остварувања на филмското платно се вбројуваат улогите во „Панкот не е мртов“, „Самитот на шаманите“, „Бал-кан -кан“, „Збогум на 20 век“, „Преку езерото“, „Македонска сага“, „Тетовирање“, „Пикасо“.

За филмот „Судијата“ ја компонираше музиката, а учествуваше и во повеќе ТВ серии како што се: „Бумбари“, „Трст виа Скопје“, „Македонски приказни“, „Досие Скопје“.

Кирил Поп Христов замина со сопругата и ќерката во Еквадор во 2014 година. Но, неколку пати доаѓаше во Скопје. Како што соопштија од семејството за Викимедиа, тој ќе биде погребан во местото Мангларaлто, покрај Пацифичкиот океан.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварци може да се бањаат, не може да ја пијат водата

Sasko Dimovski

Возејќи рикверц бил ненамерно прегазен од чичко му – 27-годишен тетовец се здобил со тешки телесни повреди

Sasko Dimovski

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 28.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе