Евакуираните македонски државјани од Oбединетите Aрапски Eмирати, кои со организиран лет се враќаат во Mакедонија, се очекува да слетаат на аеродромот во Скопје вечерва околу 21 часот и 15 минути.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се организирани чартер летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани присутни во Катар и Кувајт.
Очекувањата се овие патници да отпатуваат во среда. Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот исток, ќе се реализира со комерцијални чартер-летови.
Од Министерството за надворешни работи очекуваат до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање.
Според последните податоци, најмногу луѓе за евакуација има од Доха, 93-ца.
