Вести Економија Македонија Топ вести

Дали е на рафт или дома важно е да го има, во овој конфликт за стопанството поважно е снабдувањето отколку цената

Стопанствениците се загрижени за случувањата на Блискиот Исток, но се подготвуваат за секакви сценарија. Не сакаат да веруваат дека најлошото ќе се случи, се надеваат – воениот конфликт дека бргу ќе биде надминат, во спротивно последици ќе имаат сите. Производителите во земјава се зависни од снабдувањето на енергенси од местата каде се воените жаришта. Очекуваат инфлаторни притисоци кои не сметаат дека ќе бидат големи. За бизнисот овој пат е поважно производите да ги има, отколку висината на цената.

 

Јас не верувам дека ќе има голема инфлација, инфлацијата секојдневно е кај нас при рака. Сега може ќе предизвика некој бран но повеќе посветуваме внимание на она што е континуитет во снабдувањето, отколку што на инфлацијата односно на цените кои што би се зголемиле. Таа не би имала некој драстичен скок. Нема некое песимистичко сценарио, али дека ќе се соочиме со вакво сценарио ќе се соочиме, но би било добро ова да се среди.  Да не се набавуваат залихи е непотребно затоа што робата дали е во маркет или кај тебе дома најважно е да ја има, изјави за Телма Џемаил Даути од Даути Комерц

Исто како и економистите и бизнисот со препорака во вакви ситуации важно е државата да не се справува сама ,туку да се следат упатствата и од други држави.

Дали ние како стопанство, дали државата која што ќе креира политики треба да бидеме спремни и да бидеме умни, додава даути

Утре регулаторна треба да ги соопшти и новите цени на горивата. Стравот кај населението дека ќе бидат значително поскапени,  деновиве ги наполни бензиските.  На некој пумпи можеше да се забележи дека или не се точи одреден дериват или количините се ограничени, што го отвори прашањето дали е стабилен пазарот. Премиерот Мицксоки пак кажа дека тоа се случува затоа што во пограничните градови гориво точат и од соседните држави.

Забележани се такви однесувања на некои пумпи поради голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е 40 до 50 проценти повисока отколку кај нас, изјави премиерот христијан мицкоски

Берзите во петокот затворија со цена од скоро 93 долари за барел. Предвидувањата се дека  може да се искачи и до 150 долари за барел. Кувајт и Емиратите веќе соопштија  дека го намалуваат производството на нафта.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Среќа е што нема жртви во невремето – експертите апелираат да запрат импровизациите во градењето и да се проверат многу конструкции

Sonja Petrusevska

САД ќе објават договор што ќе ѝ овозможи на Саудиска Арабија да развива цивилна нуклеарна програма

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе