Вести Свет Топ вести

(Видео) Оштетени или уништени структури на најмалку седум воени локации на САД на Блискиот Исток – што сè досега погоди Иран

Иранските воздушни напади досега оштетија или уништија структури во близина на комуникациски и радарски системи на најмалку седум американски воени локации на Блискиот Исток. Анализата на сателитските снимки и проверени видеозаписи покажува оштетувања на опрема за следење на балистички проектили, сателитски антени и на радоми, водоотпорни куполи за заштита на чувствителната комуникациски уреди, пишува „Њујорк тајмс“.

Бахреин

Видеозапис чија автентичност ја потврди „Њујорк тајмс“ покажува дека ирански јуришен дрон викендот погодил радом во седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Манама. Базата е главен американски центар за координација на поморските операции на Блискиот Исток. Сателитските снимки покажуваат на локацијата од ден подоцна покажуваат дека е уништен уште најмалку еден радом. Урнатите структури биле SATCOM терминали AN/GSC-52B кои имаат клучна улога во овозможување на комуникации од голем капацитет и речиси во реално време за војската на САД.

Катар

Сателитски снимки од воздушната база Ал Удеид во Катар, направени во неделата, откриваат уништен шатор опкружен со сателитски антени од кои некои се најверојатно оштетени. Ал Удеид е најголема американска воена база на Блискиот Исток во која се сместени илјадници војници на подрачје широко речиси 10 километри. Служи и како регионално седиште на Централната команда на САД.

Кувајт

Сателитски снимки од кампот Арифџан во Кувајт покажуваат дека до неделата наутро се оштетени или уништени најмалку три радоми. Осумдесетина километри североисточно, во воздушната база Али ал Салем, сателитски снимки од неделата покажуваат оштетување или уништување на најмалку шест згради или структури заедно со сателитска комуникациска инфраструктура. Истото подрачје беше гаѓано и подоцна, а снимки од вторникот (3 март) покажуваат дека две дополнителни згради во близина на сателитска опрема се тешко оштетени.

Саудиска Арабија

Корпусот на чувари на исламската револуција објави дека воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија била мета на дронови и проектили во неделата (1 март). Сателитски снимки од понеделникот забележаа столб од чад долг околу километар и половина како се издигнува над една од зградите. Друга сателитска снимка од вторникот покажува дека структурата е главно уништена. Зградата се наоѓа во близина на радом, во оградено подрачје на десетина километри источно главната база, што укажува дека Иранците го таргетирале токму комуникацискиот дел од локацијата.

Обединети Арапски Емирати

Сателитски снимки со ниска резолуција од воена инсталација недалеку од Ал Руваис, направени во неделата, покажуваат оштетувања на неколку структури. Се чини дека крај една од погодените згради во минатата година бил сметсен радарски систем AN/TPY-2 кој се користи за откривање и следење на балистички проектили и клученза пресретнување на истите. Од снимките не е јасно дали е оштетен самиот радарски систем.

Метата на напад во воздухопловната база Ал Дафра, повеќе од 150 километри источно, е помалку јасна. Сателитски снимки од неделата покажуваат дека густо групирани згради и шатори во комплексот со големина на фудбалско игралиште се тешко оштетени.

„Њујорк тајмс“ и претходно извести дека во деновите на викендот се оштетени и дополнителни американски воени објекти во Дубаи, во Ирак и во Кувајт. Новите сателитски снимки покажуваат оштетувања и во воздухопловната база Мувафак Салти во Јордан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за струмичанец кој викендов запали трактор, а потоа и возило на негови сограѓани

Sonja Petrusevska

Аневска: Три дена не сме забележале колиформни бактерии во водата во Гостивар, ниту концентрација на трихалометани над дозволената граница поради хиперхлорирањето

Sasko Dimovski

Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе