Цените на природниот гас во Европа нагло пораснаа по ескалацијата на судирите на Блискиот исток што го наведе Катар да го запре производството на течен природен гас (ЛНГ). Референтаната цена на гасот на холандската берза ТТФ порасна за дури 45 отсто, достигнувајќи 46 евра по мегават/час. Голем раст6 е забележан и на пазарот во Велика Британија, пренесува „Еуроњуз“.
До раст на цените доаѓа по американско-израелските напади врз Иран и одмаздата на власта во Техеран врз Израел и американски цели во земјите во регионот.
Секое натамошно нарушување може да влијае на испораките на ЛНГ од Катар кој обезбедува меѓу 12 и 14 отсто од европскиот увоз на енергенсот.
