Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија денеска ќе биде разгледуван во прво читање во собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Овластен предлагач е претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а меѓу предлагачите се и повеќе пратеници од владејачкото мнозинство.
Со законот се предлага минималната плата да изнесува 600 евра, а предлог-законот дополнително ќе биде разгледан и во Законодавно-правната комисија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
