Дваесет и тригодишна полициска службеничка го загуби животот, а најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во експлозии во градот Лавов во северозападна Украина, изјави градоначалникот Андриј Садовиј, опишувајќи го инцидентот како терористички чин.
„Очигледно е дека станува збор за терористички чин. Петнаесет лица моментално добиваат медицинска помош, некои се во многу сериозна состојба. Полицајка почина“, објави Садовиј.
Според канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов, полицијата била повикана по полноќ во врска со кражба во продавница во центарот на градот, објави Укринформ. Кога пристигнала патролата, се случила експлозија, по што следела втора во момент кога пристигнал втор полициски тим.
