Вести Свет

Руската тајна служба го класифицира Телеграм како безбедносна закана

Руската разузнавачка служба ФСБ ја класифицира онлајн платформата Телеграм, која ја користат милиони луѓе во Русија, како безбедносен ризик, пренесува агенцијата ДПА.

„Руската војска повеќепати ги загрозуваше животите на војниците, користејќи ја услугата за пораки на фронтот во борбата против украинските трупи“, соопшти ФСБ.

Во соопштението се вели дека има „доверливи информации оти вооружените сили и разузнавачките служби на Украина се во можност да преземат информации од Телеграм за многу кратко време и да ги користат за воени цели“.

Обвинувањата на ФСБ повторно ги поттикнуваат стравувањата во Русија дека исклучително популарната социјална мрежа наскоро би можела да биде затворена во земјата. За многу Руси, Телеграм е најважниот начин за добивање непречен пристап до информации.

Русија ја разви националната услуга за пораки Max, која е наменета да ги замени Телеграм, WhatsApp и другите мрежи. Новата апликација е критикувана како алатка за надзор што им обезбедува на корисниците цензурирана содржина и пропаганда.

Рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор го обвинува Телеграм за непочитување на руските закони, вклучително и со тоа што не ги брише забранетите содржини. Исто така, се вели дека платформата прави премалку против измамниците кои ја злоупотребуваат услугата за пораки за криминални цели.

Дополнително, регулаторот изјави дека Телеграм мора да обезбеди серверите што ги обработуваат податоците на руските корисници да се наоѓаат во земјата, а не во странство.

Телеграм ги негира таквите обвинувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД повторно го нападна Иран иако беше најавено дека ќе имаат билатерална средба

Tea Dimkovska

Костовски реагира на обвинението за Еуростандард банка: Немав интерес банката да пропадне

Дејан Дејан

(Фотo+Видео) ДУИ по втор пат на протест во Тетово како знак на револт поради одлуката на Уставен за преименување на десетина улици

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе