Вести Економија Македонија

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62, став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.

– Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ. Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата ПОДНЕСETE ПРЕТСТАВКА објавена на интернет страната на Агенцијата (https://fva.gov.mk/mk/contact/podnesete_predstavka), електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи, стои во соопштението.

Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.

Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе