Економија Македонија

Макпетрол го отвори новиот бизнис центар за обуки

„Макпетрол“ го отвори новиот бизнис-центар во својата Управна зграда, наменет за интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби. Со оваа инвестиција, компанијата ја зајакнува својата посветеност кон мотивирачка и современа работна средина.

„Со отворањето на Бизнис центарот создаваме структуриран и современ простор кој е целосно посветен на развојот на нашите вработени и унапредувањето на нивните знаења и вештини. Овој центар ќе овозможи систематска реализација на обуки, тренинзи и развојни програми, усогласени со стратешките цели и реалните потреби на компанијата. Веруваме дека континуираната едукација, размената на знаење и унапредувањето на вработените се клучни предуслови за ефикасно работење, поттикнување иновации и обезбедување долгорочен, одржлив раст на „Макпетрол“, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, Главен оперативен директор на компанијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makpetrol Ultra (@makpetrol.ultra)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе