Вести Економија Топ вести

Средба Николоски – Бутковиќ: Проблемот со превозниците има поголем размер ги опфаќа и компаниите од ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб одржа работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.

На средбата на која се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји, двајцата вицепремиери во фокус на разговорот го истакнаа проблемот со транспортерите и новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната.

  • Вицепремиерот Николоски потенцира дека проблемот е суштински и се однесува за транспортниот сектор од целиот регион од Западен Балкан. Во своето излагање тој дополни дека овој проблем има поголем размер кој ги опфаќа и компаниите од ЕУ кои инвестирале во Западен Балкан, а кои се извозно ориентирни кон европските пазари.

Во таа насока, побара силна подршка од Владата на Хрватска во изнаоѓање на соодветно решение на ниво на Европската Унија со кое ќе се олесни работењето на македонските и регионални превозници.

Двајцата соговорници го отворија и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор. Особено се истакна соработката во железничкот сектор и можноста за набавка на нови возови и локомотиви како и за модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт.

На средбата се разговараше и за зголемување на економската и трговска соработка меѓу двете земји, ставајќи фокус на инфраструктурни проекти, нагасувајќи ја можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на истите.

Двајцата вицепремиери ја потенцираа важноста од средбата на која беше нагласена и потребата од силна подршка на Македонија во евроинтегративнте процеси, а дополнителено се заложија за интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Хрватска.

Денешната работка посета на Загреб, вицепремиерот Николоски денеска ја продолжува со средби со претседателот на Стопанската Комора на Хрватска, бизнис секторот, како и со претставници на Собранието на Хрватска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе