Најмалку 39 луѓе загинаа, а повеќе од 70 се во болница, меѓу повредените има и деца. Сообраќајна несреќа на брз воз се случи на југот на Шпанија. Напорите за пронаоѓање на телата продолжуваат, а властите очекуваат бројот на жртви да се зголеми.
Несреќата се случила во недела во 19:45 часот кога задниот дел од возот што превезувал околу 300 патници на линијата од Малага до главниот град Мадрид излетал од шините. При што се судрил со друг воз што доаѓал од Мадрид до Хуелва, извести операторот Адиф.
Судирот се случил во близина на Адамуз, град во покраината Кордоба, околу 370 километри јужно од Мадрид. Градоначалникот Морено кога се врати од местото на несреќата рече дека никогаш нема да ги заборави сликите на ужасот.
- „Глетката беше ужасна. Беше ужасна. Луѓе кои бараат и молат за помош. Оние што ги напуштаат урнатините се слики што секогаш ќе ми останат во сеќавањето“, рече Рафаел Ангел Морено, градоначалник на Адамуз.
Ана со своето семејство била на викенд во Малага и се враќала кон Мадрид, таа помина со помали повреди, но нејзината сестра е задржана во болница.
- „Некои луѓе беа добро. Но, некои беа многу, многу лошо. Ги имав пред мене и можеше да се види дека се навистина лошо. И не можев ништо да направам. Пожарникарите ја спасија сестра ми од возот, а двете бевме однесени во болница со амбулантно возило. Во моментов, таа е на набљудување и чекаме“, рече Ана, патничка во воз за Мадрид.
Епископот од Кордоба порача дека сега не се потребни зборови, туку прегратка и тишина.
- „Мораме да ја покажеме нашата загриженост во овие моменти, надевајќи се дека оваа ситуација ќе се реши што е можно поскоро, за да се разјаснат работите, да се разјаснат за подобро на луѓето за да не ги најдат своите роднини меѓу списокот на починати. Најубавиот збор е тишина и прегратка. Зборовите тука им пречат. Добро е за нив да најдат некого покрај себе во оваа ситуација за да им даде утеха. Но, не можам да смислам многу зборови да кажам“, рече пред новинарите монсињор Хесус Фернандез, епископ од Кордоба.
(фото)Најмалку 39 мртви во Шпанија – брз воз со околу 300 патници излета од шините
Билјана Ставрова
