Вести Свет

Германските војници се повлекоа од Гренланд

Портпаролот на германската армија изјави дека германскиот воен разузнавачки тим од 15 војници, неодамна испратен на Гренланд, денеска го напушти арктичкиот остров и се упати кон Копенхаген.

Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд.

„Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени царини на американскиот претседател Доналд Трамп за земјите кои се против  неговата агресивна политика кон Гренланд или дали постојат други причини за нивното повлекување“, објави германскиот весник Билд.

Германските војници на Гренланд пристигнаа пред два дена, како дел од извидувачка мисија на земјите од НАТО на покана на Данска. Целта беше воена вежба, како и истражување на други опции за вежби и распоредување на војници.

Мисијата почна по неуспешниот состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Данска, Гренланд и САД во Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Таткото на Меланија е хоспитализиран во Демир Хисар, се чека судско решение за понатамошниот третман

Igor Trajkov

Дизелот поскапува за 5,5 денари, се зголемува цената и на бензините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе