Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ прогласи состојба на катастрофа во два региона на југот на земјата, откако големи шумски пожари принудија најмалку 20.000 луѓе на евакуација и зад себе оставија 16 жртви.
Во Чиле изминатите денови беснееја 24 пожари, а владата прогласи вонредна состојба во два региона на околу 500-тини километри јужно од главниот град Сантијаго.
Пожарите досега уништија и речиси 8,500 хектари земја, а според чилеанската Агенција за катастрофи, уништени се најмалку 250 домови.
Од почетокот на годината се регистрирани екстремни температури и топлотни бранови во Чиле, а силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите за контрола на огнот.
