Вести Македонија Топ вести

Тошковски во дводневна посета на Унгарија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на покана на својот унгарски колега Шандор Пинтер, во периодот од 14 до 16 јануари реализира билатерална посета на Министерството за внатрешни работи на Унгарија со цел продлабочување на безбедносната соработка и размена на конкретни искуства и добри практики.

Како што соопшти МВР, во рамките на посетата министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот Пинтер, на која биле разгледани прашања од заеднички интерес, со посебен фокус на управувањето со миграциските текови, борбата против организираниот криминал и современите безбедносни предизвици. Министерот Пинтер го истакнал значајниот и конкретен придонес што Македонија го дава во спречувањето на илегалната миграција нагласувајќи дека улогата на македонската полиција е од суштинско значење за безбедноста на Европа.

  • Посебно внимание беше посветено на искуствата на Унгарија во воспоставувањето и примената на системи за автоматско детектирање сообраќајни прекршоци во контекст на тековната имплементација на системот „Безбеден град“ во Македонија. Во таа насока беа разменети мислења за практичните аспекти, институционалната подготвеност, правната рамка и ефектите од примената на ваквите системи, со цел користење на најдобрите европски практики – истакнал министерот Тошковски.

Во делот на борбата против трговијата со дрога биле презентирани законските и институционалните решенија што Унгарија ги има спроведено во областа на кривичното санкционирање, при што беа споделени искуства за влијанието на построг и појасен казнен пристап врз сузбивањето на организираните наркомрежи и зајакнувањето на превенцијата.

Во рамките на посетата била потпишана декларација за соработка во спроведувањето обуки за полициски службеници помеѓу Центарот за обука на МВР и Центарот за полициска едукација и обука на МВР на Унгарија, со што се отвораат можности за долгорочна и практична размена на знаења и искуства.

Воедно, била упатена покана унгарскиот Центар да се приклучи кон Регионалната асоцијација на центрите за обука и полициски академии на Југоисточна Европа, формирана на иницијатива на нашето МВР.

Министерот Тошковски остварил и работна средба со директорот на унгарското Национално биро за истраги, Арон Јенеј, на која биле разменети искуства за институционалната поставеност, оперативните модели и пристапите во сузбивањето на најсериозните форми на организиран криминал. Дополнително, била реализирана и средба со директорот на Националниот директорат за менаџмент на катастрофите, Золтан Гора, со фокус на системот за управување со кризи, меѓуинституционалната координација и практичните искуства во справувањето со катастрофите.

– Унгарија е докажан пријател и партнер на Македонија, а посетата претставува уште еден чекор кон зајакнување на соработката, размената на искуства и градењето партнерства, кои придонесуваат за поголема безбедност, стабилност и европска перспектива – потенцира министерот Тошковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

Дејан Дејан

Најмалку 12 загинати во шумски пожар во Шпанија – огнот избувнал за време на топлотниот бран

Дејан Дејан

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе