Вести Свет

Писториус: Ако САД го преземат Гренланд, ќе има последици за НАТО

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја оствари својата закана за преземање на Гренланд, тоа би имало „последици за алијансата“, иако се воздржа од изјавата дека тоа би го уништило НАТО.

Писториус, говорејќи на јавниот сервис, додаде дека моментот на распоредување на трупи од Германија и други земји на арктичкиот остров во овие денови на зголемени тензии околу неговата судбина е „временска коинциденција“.

„Тоа е само по себе коинциденција, бидејќи кога го планиравме тоа, немавме начин да знаеме, прво, дека разговорот ќе се случи во среда или како тој ќе заврши“, рече тој, пренесе ДПА.

Разговорите во Вашингтон со министрите за надворешни работи на САД, Данска и Гренланд, како и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, не резултираа со решение.

Прашањето сега е како да се тренира на копно заедно со другите сили на НАТО, рече тој.

Писториус изјави дека учеството на Германија во вежбата на оспоруваниот остров е за да им се покаже на европските членки на НАТО дека неговата земја стои „зад своите обврски. Нешто што, до пред неколку години, не го изјавувавме доволно јасно“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе