Вести Свет

И ние имаме интереси на Арктикот – порака од Русија по намерите на Трамп за преземање на Гренланд

Русија предупреди да не се занемаруваат нејзините интереси на Арктикот по тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, пренесе ДПА.

„Сите обиди да се игнорираат интересите на Русија во поларниот регион, пред сè во областа на безбедноста, нема да останат без одговор и ќе имаат многу далекусежни последици“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Трамп често ги наведува руските и кинеските активности во близина на арктичкиот остров како оправдување за неговото барање за контрола врз Гренланд, велејќи дека нивното присуство го прави островот клучен за безбедносните потреби на САД.

Захарова ја критикуваше воената извидувачка мисија од страна на неколку европски членки на НАТО за подобра заштита на автономниот остров што ѝ припаѓа на Данска, нарекувајќи ја „следна провокација од западните земји кои исто така сакаат да го наметнат својот ред во овој регион на светот.

Таа рече дека европските држави треба да бидат свесни дека ова ја загрозува безбедноста на Русија како рамноправна арктичка приморска или крајбрежна држава.

Русија, со својата долга северна крајбрежна линија на Северниот Леден Океан, го смета Арктикот за своја сфера на интерес. Таа сè повеќе ги користи морските патишта во регионот и го проширува своето воено присуство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе