Вести Свет

Трамп се закани со распоредување војска во Минеаполис – федерален агент застрела во нога човек откако тој наводно го нападнал со лопата

Федерален офицер застрелал еден маж во ногата, во американскиот град Минеаполис, откако тој го удрил со лопата при обид за негово апсење, потврди Одделот за домашна безбедноста на САД.

Тензиите во овој град се на високо ниво откако агент на службата за имиграција и царини смртно застрела една жена минатата недела, предизвикувајќи протести во градот, кои се проширија и во другите американски градови.

Во соопштението на Одделот за домашна безбедност се вели дека последниот инцидент се случил откако припадници на оваа служба се обиделе да приведат државјанин на Венецуела кој престојувал илегално во САД.

Потерата со автомобили завршила со сообраќајна несреќа а на шоферот му се придружиле уште две лица кои го нападнале агентот.

Во реонот Хоторн, во Минеаполис, во близина на инцидентот потоа се случиле нови судири меѓу демонстрантите и припадниците на ICE, по што градските власти апелирале на смиреност.

Локалните медиуми, вклучувајќи го весникот Минесота Стар Трибјун, пренесоа ека демонстрантите оштетиле повеќе возила кои ги користеле федералните агенти.

Рано утринава, во објава на социјалните медиуми, американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе го активира законот за справување со безредија (Insurrection Act), доколку официјалните претставници на Минесота не преземат дејствија за да ги запрат професионалните агитатори.

Инаку, станува збор за закон стар повеќе од 200 години кој му овозможува на претседателот на држава да распореди припадници на американската армија со задача да ги спроведуваат законите на територијата на САД.

Трамп и досега се закануваше дека ќе се повика на овој закон.

Градоначалникот на Минесота, Џејкоб Фреј, изјави дека ситуацијата во градот, каде повторно беа распоредени федерални агенти и покрај противењето на локалните власти е исклучително тешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе