Вести Македонија

Прв смртен случај со грип сезонава, почина 75 годишна жена

Седумдесет и пет годишна жена починала на Клиниката за Инфективни болести кај која потврдиле грип од типот А, жената која починала пред три дена имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против сезонскиот вирус.

Институтот за јавно здравје ја следи состојбата со грип низ целата земја.

Во првата недела од јануари се регистрирани 1.725 случаи, што е двојно повеќе од претходната недела, а доминантен е типот инфлуенца А.

Од институтот велат будно ќе ја следат епидемиолошката состојба со цел заштита на здравјето на граѓаните  и спречување на ширење на вирусот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

За едните стратешки, за другите штетен – се уште нема епилог за кривичните за договоро во Александрополис

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе