Вести Свет

Трамп со одговор до јавноста: Ќе морате сами да откриете каква помош е на пат за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека луѓето ќе мораат сами да дознаат за што станува збор кога изјави дека „помошта е на пат за Иран“,

„Ќе морате сами да откриете. Жалам“, рече Трамп.

Американскиот претседател претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат, како и дека помошта е на пат.

„Ирански патриоти, продолжете да протестирате – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со иранските официјални лица додека не запре бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта пристигнува. MIGA (Make Iran great again, Направете го Иран повторно голем)“, објави тој на својата мрежа Truth Social.

Претходно денеска, два неименувани извори од американското Министерство за одбрана рекоа дека Трамп е запознаен со широк спектар на воени и тајни опции кои би можеле да бидат применети против Иран, вклучувајќи и мерки кои надминуваат конвенционални воздушни напади.

Според наводите на повеќе извори запознаени со ситуацијата, тимот за национална безбедност на Трамп денеска ќе одржи состанок во Белата куќа за да ги разгледа ажурираните опции кон Иран, но не е познато дали претседателот на САД лично ќе присуствува на состанокот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе