Вести Македонија

За убиството на сонародник во кафуле во Штип, 17 години затвор за турскиот државјанин Кадир Кара

На турскиот државјанин Кадир Кара, кој призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип му е изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор. Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска информираше дека по рочиштето на 19-ти декември 2025 година во Основниот суд во Штип, на кое Кара призна вина, судот ја има донесено оваа одлука за извршено кривично дело убиство и неовластено држење на оружје.

Инаку денеска во штипскиот Основен суд во Штип продолжи судењето за останатите четири лица, кои се обвинети дека му помагале на Кара да го изврши убиството на турскиот државјанин. Во судницата денеска се изведуваа докази, а судскиот процес за обвинетите продолжува на 20 јануари во 10.30 часот.

На 8- ми мај 2025 година во угостителски објект на плоштадот „Слобода“ во Штип беше убиен турски државјанин. Според обвинителниот предлог по убиството обвинетиот со помош на  четири лица се обиде да избега, но беа фатени на наплатна рампа на автопатот „Гоце Делчев“, односно од Штип кон Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

ЕУ ѝ одобри пристап на Унгарија до блокираните 10 милијарди евра – 6,5 милијарди евра грантови и 3,5 милијарди евра заеми

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе