Вести Свет

САД поднесе предлог-закон Гренланд да стане 51-ва сојузна држава на САД

Републиканскиот конгресмен од Флорида, Ренди Фајн, претстави предлог-закон под наслов „Закон за анексија и државност на Гренланд“, со кој оваа територија би станала 51-ва сојузна држава на САД. Предлогот доаѓа по најавите на претседателот Трамп за преземање на оваа данска територија.

-Гренланд не е далечна испостава што можеме да ја игнорираме – тој е од витално значење за националната безбедност. Америка не може да ја остави иднината на арктичките патишта во рацете на режими кои ги презираат нашите вредности, изјави Фајн.

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, потврди дека иако не постои конкретен временски рок, купувањето на островот е приоритет за Трамп за да се спречи евентуално кинеско или руско влијание врз територијата.

Од друга страна, демократскиот сенатор Крис Марфи предупреди дека секој обид за присилно преземање на Гренланд би го означил „крајот на НАТО сојузот“. Минатата година, републиканците во Конгресот веќе побараа поддршка за отворање разговори со Кралството Данска за купување на Гренланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе