Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Информација од ова утро 21.11.2025
Минимална температура (во °C)
10 Крушево, Маврови Анови, 11 Лазарополе, 15 Крива Паланка, Претор, Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Прилеп, 18 Скопје-Петровец, Велес, Виница, Штип, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија, 21 Струмица.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
2 Крушево, 1 Крива Паланка, Прилеп, Велес, Штип, Маврови Анови, Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
