Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Информација од ова утро 20.11.2025
Минимална температура (во °C)
5 Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Претор, Прилеп, Берово, 9 Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово, Битола, 10 Куманово, Виница, Кавадарци, 11 Струмица, 12 Штип, Велес, Гевгелија, 13 Демир Капија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
