Ѓорѓи Галетановски, претседателот на градската организација на СДСМподнел оставка. Партиски извори за Телма потврдија дека писмената оставка била поднесена пред два дена од лични и морални причини по изборите.
СДСМ на градските избори освои 5 советнички места, а Галетановски е еден од избраните. Партијата претрпе пораз и во трката за градоначалници бидејќи Каја Шукова не се ниту пласираше во втор круг, а во повеќе општини Левица има повеќе гласови од СДСМ. Единствена победа во Скопје, партијата извојува во општина Центар.
Фотографијата и информацијата дека Галетановски е претседател на градската партиска организација се уште на веб сајтот на СДСМ. Галетановски беше назначен за претседател на градската организација по изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ.
-Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, стои на партискиот сајт.
Галетановски во времето на Шилегов беше директор на скопската Зоолошка градина. Ова е прва оставка на функционер во СДСМ по првиот круг на локалните избори.
