Вести Локални избори 2025 Македонија

Досега 30 сигурни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ избрани во првиот круг, Скопје не е меѓу освоените

Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ избрани за градоначалник во прв круг се: Бобан Стефковски во Газибаба, Петар Ружински во Берово, Ристо Манчев во Босилово, Дарко Костовски во Бутел, Славе Андонов во Василево, Спасе Кочовски во Вевчани, Марко Колев во Велес, Андов Сарамандов во Гевгелија, Александар Стојковски во Ѓорче Петров, Киро Нацков во Градско, Иван Гоцевски во Делчево, Никола Најдовски во Демир Хисар, Коста Маневски во Зелениково, Александар Георгиевски во Илинден, Димитар Костадиновски во Јегуновце, Митко Јанчев во Кавадарци, Виктор Паунов во Карбинци, Бети Стаменковска-Трајковска во Кисела Вода, Тодорче Николовски во Кратово, Стевче Стевановски во Новаци, Ѓорѓе Божинов во Ново Село, Кирил Пецаков во Охрид, Борче Митевски во Петровец, Александар Китански во Пехчево, Дејан Проданоски во Прилеп, Љупче Почивалец во Радовиш, Јован Тозиевски во Ресен, Дејан Владев во Свети Николе, Јане Мицевски во Сопиште, Иван Јорданов во Штип.

Онер Јакуповски во Маврово и Ростуше исто така има победа, но ќе се гледа излезноста и дали е исполнет цензусот од 33,33%.

Многу блиску до победа се и кандидатите на партијата во Битола, Струмица, Аеродром и неколку други општини, но ДИК се уште ги нема преброено сите гласови доволни за прогласување.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и има над 40% од гласовите, но ќе се прегласува во втор круг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе