Вести Локални избори 2025 Македонија

Димитриевски: Освоив гласови колку што и останатите шест противкандидати

Да се заблагодарам на граѓаните на Куманово и Македонија за „скандинавските избори“, изјави од градскиот плоштад во Куманово, претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски.

Според 80 проценти од обработените гласачки места од аналитичкиот центар на ЗНАМ, Димитриевски, како што изјави, води пред останатите шест противкандидати, како и советничката листа на ЗНАМ. Тој посочи дека има гласови со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ колку што имаат останатите шест кандидати.

„Овој пат ниту во Куманово, ниту во Македонија не гледаме како кандидатите за градоначалници ги бркаат полициски тимови, дополнително се врши притисок на сите нас. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите кумановци и кумановки, кои излегоа и гласаа за мене и за советничката листа на ЗНАМ“, рече Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ, не знаеше дали ќе има втор круг, бидејќи не се обработени сите податоци, но очекува победа и во вториот круг. Тој кажа дека граѓаните препознаваат континуитет, развој на Куманово. Во однос на листата на советници рече дека е победник и заедно со ВМРО-ДПМНЕ кои се веднаш зад нив, рече ќе направат силно мнозинство како и со останатите партнери од претходната локална власт.

„Ја користам приликата да се заблагодарам на членовите и активистите на ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката и на останатите граѓани. Добив поддршка од различни етнички заедници, Албанци, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Срби. Сакам да апелирам да продолжиме со позитивни трендови за градот и да ја потврдиме победата доколку тоа го кажат официјалните резултати“, кажа Димитриевски.

Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека и кандидатот во Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ влегува во вториот круг, а во однос на советничките листа кажа дека во голем број општини имаат советници, но не ја знае точната бројка, бидејќи ЗНАМ како нова партија нема толку организиран аналитички центар и најави дека ќе ги чекаат резултатите од ДИК, укажувајќи дека ЗНАМ немала кандидатски листи во сите општини.

Тој кажа дека очекувал „ваква борба и исход“ зашто се борел против шест противкандидати. Во однос на песната која стана вирална, Димитриевски се заблагодари на сограѓаните од ромската етничка заедница кои ја изведоа таа песна, со што рече се гледа колку во Куманово има креативни луѓе. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе