Најважните прашања на изборната вечер се:
– Очекувано е дека проекциите предвидуваат, но за колку градоначалнички места владејачката ВМРО-ДПМНЕ може да го подобри својот резултат од пред четири години, кога освои 42-ца градоначалници ?
– Следствено на тоа дали СДСМ ќе оди напред или главно овие избори се сведоа на тоа дали ќе го одбрани тоа што го има – во 2021 година освои 16 градоначалници ?
– Како ќе се факторизираат Левица, независните листи и ЗНАМ ?
– И последно, четврто , но не и најмалку важно, туку можеби најважно: каков ќе биде распоредот на силите во албанскиот политички блок, каде кампањата се постави како прашање на „да се биде или не“ , помеѓу владејачкиот блок на ВРЕДИ и опозицискиот блок предводен од ДУИ ?
Струмица
Оттука, неколку градови всушност се во фокусот. Во битката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Струмица – дали ќе падне еден од традиционалните бастиони на социјалдемократите ? Особено откако дојде до поделба на СДСМ со тоа што досегашниот градоначалник Костадин Костадинов не доби шанса да се бори за втор мандат. Па, сега во битка се Марјан Даскаловски – СДСМ и Петар Јанков – ВМРО-ДПМНЕ.
Валандово
Неизвесно е во Валандово, каде што за втор мандат шанса гледа, актуелниот градоначалник Перо Костадинов од СДСМ против Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ
Куманово
Главната битка за владејачкиот блок не ја бијат само кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, туку двајца кандидати на ЗНАМ
А, ќе има ли трка во втор круг на поделениот СДСМ, помеѓу Мaксим Димитриевски и Мартин Костовски ? И кои се сите можни математики и комбинаторики за вториот круг- дали овој прв круг ќе биде најава за клучната битка за 14 дена.
Центар
И секако втората голема битка е во Центар. Горан Герасимовски, Лабудовиќ или пак има ли шанса и Билјана Ивановска да се вмеша во битката, ако ништо друго, нејзиното контто гласови да биде пресудно за одлагање на крајниот исход за 14 дена!? Многу политички одговори, вечерва.
Карпош
Извесно е дека од петмината кандидати за Карпош двајца шанса за победа ќе очекуваат во вториот круг.
Но, неизвесно е таму. Сотир Лукровски од ВМРО- ДПМНЕ ќе успее ли да го запре Стевчо Јакимовски во петтиот обид за градоналчник, или и овде продолжена кампања за втор круг? Во игра е Маја Мојсовска од СДСМ.
Во однос на останатите партии и учесници на изборите, анкетите не индицираат можност за освојување градоначалник, сепак Левица како и останатите непартиски учесници претендираат да завршат во втор круг, а од независните повеќе се очекува на советничките отколку за градоначалничките места.
Скопје
Главниот град најпримамлив да се освои. 13 партиски кандидати и 3- ца независни со потпис од група изибирачи и со аспирација да ги поматат очекувањата за победа на Орце Георгиевски во првиот круг.
Вечерва одговор дали од утре ќе има замена на Арсовска или нова битка со двајца кандидати на 2-ри ноември, и кои ќе биде вториот со оглед дека последните мерења кои покажуваат придвижување на Амар Мециновиќ од Левица кон Каја Шукова од СДСМ.
Битката на вечерта е меѓу НАИ односно коалицијата предводена од ДУИ и ВРЕДИ: Чаир, Тетово, Струга и Кичево, се четирите општини во фокусот.
Чаир
Не е само прашање на превласт на НАИ/ДУИ и ВРЕДИ туку и предизвик за идните кариери на Изет Меџити и Бујар Османи – дилемата е дали вечерва ќе се знае исходот со оглед на изедначеноста од проекциите за двајцата кандидати или ќе имаме само најава што ќе се случува за 14 дена. Пресудна за исходот е излезноста.
Тетово
Биљал Касами или Бајрам Реџепи – и тука во потрага по одговор вечерва, неизвесна битка и неизвесно дали ќе може се да се заврши во првиот круг, но ќе имаме појасна слика, кој од каде може да влече поддршка за втор круг ако некои од двајцата кандидати не освои 50 отсто плус еден од гласовите потребни за победа оваа ноќ.
За повеќе информации следете ја Отворената изборна програма на ТВ Телма, на веб сајтот www.telma.com.mk и на профилите на Телма на социјалните мрежи.
