Почна акдемската година за 10.000 бруцоши на шестте државни Универзитети во земјата. На првиот академски час ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски на бруцошите на околу 1.500 бруцоши, од кои 90% се запишаа уште во првиот уписен рок им порача дека 12 факултети и трите академии во текот на студирањето ќе им понадат современи услови, лабаратории, а над 15 години е и најдигитализарниот Универзитет во земја со електронски индекс и библиотеки. Членството во европската Алијанса на неколку Универзитет ќе им овозможи и европски дипломи.
Пред платот кај споменикот на Светите Кирил и Методиј денеска ги обедини сите студенти и академска заедница на најстарата високообразована институција Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на студентите на сите Универзитети им порача дека студирањето во сопствената земја е најдобриот избор. Донесени се и низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка и осовременување на студиските програми.
Јаневска вели и дека со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, високото образование ќе биде поставено на цврсти темели.
Викторија Јованова Димитрова
