Вести Македонија Најважни

Димитровска од понеделник на работа во ДЗР – нема да учествува во изготвување на ревизии

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска денеска го земала решението за враќање на старото работно место во Државниот завод за ревизија, потврдуваат оттаму за Телма. Од понеделник ќе почне со работа во нов сектор, согласно нејзиното звање. И натаму ќе биде помошник на главниот државен ревизор, но нема да учествува во изготвувањето на ревизии. За оваа функција нема да ѝ биде потребен сертификатот „државна тајна“, кој го предаде откако беше поднесено обвинението против неа.

Ова следи откако Димитровска во петокот поднесе оставка од функцијата претседател на ДКСК,  а вчера беше одјавена од нивниот систем. Кога Собранието ја избра за прва антикорупционерка, Димитровска го стави во мирување работното место во ревизија.

Димитровска се гони за оддавање на службена тајна на обвинет во случајот „Адитив“ и компјутерски фалсификат. Сега колега повторно ќе ѝ биде и обвинетиот ревизор Миле Столевски, на кого на товар му се става дека во нејзино име го положил тестот за сертификат „државна тајна. Инаку Столевски не смее да биде во контакт со Димитровска, согласно мерките кои ги изрече судот.

А, во понеделникот барањето за раздвојување на постапката од судењето за „Адитив“, нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ го испратил до адресата на Кривичниот суд. Но, обвинителството му предложи на Кривичниот суд да го спои предметот. Раздвојување на постапката побарала и одбраната на обвинетиот ревизор.

Истрагата против Димитровска беше отворена во април како резултат на проверката на телефонот на екс директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е еден од обвинетите во „Адитив“.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе