Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), Бислимовски соопшти дека во моментов загубите на вода на државно ниво се 64%. Најави дека во следниот период ќе има нови закони и инвестиции во застарената инфраструктура.
Очекувањата се дека со тоа ќе се намалат загубите и ќе се зголеми процентот на ненаплатена вода. Но, уверувањата од РКЕ се дека со тоа нема да има никакво сериозно зголемување на цените за водните услуги.
Бислимовски објаснува дека подземната инфраструктура не го следи развојот и ширењето на градот и затоа се јавуваат проблеми со притисок на вода на повисоките места.
Со ваков проблем се соочуваа жителите на одредени места во градот кои извесен период или немаа воопшто вода или имаа намален притисок. Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје речиси секој ден објавуваат соопштенија со известување дека потрошувачката на водата е енормно зголемена поради наводнување на дворови, полнење на базени и случно и поради тоа жителите од високите зони на одредени места има проблеми со снабдувањето.
