Вести Најважни Свет

Го добивме најдоброто што можевме да го добиеме – Фон дер Лајен во одбрана на трговскиот договор со САД

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен застана во одбрана на трговскиот договор што го постигна со САД, нарекувајќи го „најдоброто што можевме да добиеме“ и додаде оти не треба да се потценува, со оглед на претходните закани за царини од 30 отсто.

„Договорот гарантира безбедност во неизвесни времиња и носи стабилност и предвидливост“, порача Фон дер Лајен пред напуштање на Шкотска.

Основната царина од 15 отсто за увоз во САД од Европската Унија ќе се применува на голем дел од производите, вклучително автомобили, полупроводници и фармацевтски производи, рече Фон дер Лајен. Договорена е нулта царинска стапка за одредени стратешки производи, вклучително авиони и делови, одредени хемикалии и некои генерички лекови. Таа додаде дека не е договорена царинска стапка за вино и за жестоки пијалоци.

Европската Унија (ЕУ) се обврза дека ќе купи и американски течен гас и нуклерано гориво во вредност од 750 милијарди долари во наредните три години. Европската комисија предложи постепено укинување на увозот на руски гас до 1 јануари во 2028 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе