„Oгромен договор“ под „тешки преговори“ – по неколку месечните разговори Европската Унија и САД постигнаа договор за трговските царини. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ќе има американски царини за стоки од Европа од 15 отсто за сите. Додека за американскиот претседател договорот е зближување на двете најголеми економии во светот.
„Постигнавме договор. Тоа е добар договор за сите. Јас мислам ѝ е… Мислам дека велевте дека ова е веројатно најголемиот договор постигнат досега, трговски или надвор од трговијата. Тоа е огромен договор со многу земји“ изјави Доналд Трамп, американски претседател.
Претседателката на ЕК потенцираше дека со договорот европскиот пазар од 450 милиони луѓе ќе се отвори.
„Ова е огромен договор. Ќе донесе стабилност. Ќе донесе предвидливост. Тоа е многу важно за нашите бизниси од двете страни на Атлантикот. Станува збор за царини од 15% за сè вклучително. Инвестициите што ги опиша господинот претседател штотуку ќе одат во Соединетите Држави и купувањата таму. Всушност. Во основа, европскиот пазар е отворен. Тоа се 450 милиони луѓе“ изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Договорот, исто така, вклучува ветувања за европски инвестиции во САД и купување енергија. А Дополнително склучениот договорот ќе биде „одличен за автомобилската индустрија и земјоделството.
Вкупната трговија со стоки меѓу ЕУ и САД во 2024 година изнесуваше проценети 975,9 милијарди долари. Заедно, тие сочинуваат речиси една третина од глобалната трговија со стоки и услуги. Лани, САД увезоа околу 606 милијарди долари стоки од ЕУ и извезоа околу 370 милијарди долари.
Состанокот меѓу Доналд Трамп и Урсула Фон дер Лајен се одржа на имот американскиот претседател во Тарнбери. Тој претходно во текот на денот под засилено обезбедување се релаксираше играјќи голф. Покрај раскошниот имот можеше да се забележат бројни новинарски екипи, но и луѓе кои протестираат против него.
Tea Димковска
