Вести Македонија Најважни

Скопје се сеќава: 62 години од катастрофалниот земјотрес

На денешен ден се навршуваат 62 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разурна Скопје. Тогашниот потрес се случил во 5:17 часот наутро и траел само 20 секунди, но зад себе  оставил рушевини, над илјада загинати, 2900 повредени од кои 800 останале со трајни инвалидитети.

Симбол на трагедијата и денес е часовникот на Старата железничка станица кој застана токму во моментот на земјотресот. По земјотресот веднаш започнала трката со времето за спасување на преживеаните. Градот Скопје тогаш стана симбол на глобална солидарност кадешто 87 држави од целиот свет испратија хуманитарна помош, медицински тимови и градежна механизација. Благодарение на меѓународната помош градот доби ново лице и надеж за понатаму.

Под покровителство на ООН по земјотресот започна големата реконструкција. Врвни архитекти, меѓу кои Јапонецот Кензо Танге, изработија план за модерно Скопје. Новите населби Карпош, Аеродром и Ново Лисиче се дел од таа обнова, а денес низ градот сè уште постојат улици и објекти именувани по државите кои помогнаа, како вечен знак на благодарност.

Иако градот се издигна од урнатините, земјотресот остави трајна трага. Денес Скопје тивко се сеќава преку споменицитe, музеите и иницијативите како #СкопјеСеСеќава, кои ја продолжуваат приказната за храброста, солидарноста и потребата од подготвеност пред природни катастрофи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе