Вести Најважни Свет

Трамп ќе ги намали царините за европските стоки ако ЕУ се отвори дополнително за американските компании

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги намалат царините за европските стоки ако Европската Унија го отвори својот пазар дополнително за американските компании.

  • Ако се согласат да ја отворат унијата за американските бизниси, тогаш ќе им дозволиме да плаќаат пониска царина, рече Трамп на настан фокусиран на вештачката интелигенција, осврнувајќи се на тековните преговори со ЕУ. Тој додаде дека во моментов се водат сериозни разговори.

САД со недели преговараат со ЕУ за трговски договор за да се спречи стапување на сила на американските царини од 30 проценти за увоз од блокот на 1 август.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон претставија обединет фронт за време на разговорите во Берлин во вчера, сигнализирајќи дека ЕУ е подготвена да одговори ако преговорите со Вашингтон не успеат.

Портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус изјави дека двајцата лидери се согласиле да ја задржат опцијата за дополнителни трговски мерки на маса доколку разговорите со САД не успеат. Тој додаде дека Мерц и Макрон се подготвени и да смислат нови инструменти, доколку е потребно.

Корнелиус рече дека Германија и Франција, исто така, планираат тесно да се координираат со Италија и Европската комисија додека разговорите со Вашингтон влегуваат во последната фаза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе