Вести Македонија Најважни

Грција бара владата да го користи уставното име на земјата

Имплементацијата на договорот од Преспа е една од основите за унапредување на европскиот пат на Македонија. Ова е пораката која грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Герапатритис, му ја пренесе на македонскиот колега, Тимчо Муцунски, за време на неговата работна посета на Атина. Герапатритис, меѓу другото побара од македонската влада да го користи и уставното име на земјата.

„Сакам да ја повторам поддршката на Грција за унапредување на европскиот пат на Северна Македонија заснована на утврдената условеност и принципот на заслуги, особено би ги подвлекол Основите. Во тој контекст дозволете ми да ја подвлечам особено важната целосна, константна и во добра волја имплементација на Договорот од Преспа, вклучително користење на уставното име на земјата од страна на нејзината влада“, рече Герапатритис.

Муцунски во своето обраќање не го спомена Преспанскиот договор и неговата имплементација, туку зборуваше за почитување на обврските кои двете земји заедно ги презеле.

„Го истакнавме значењето на меѓународното јавно право и обврските кои заедно ги презедовме, бидејќи взаемното почитување е основа врз која се градат долгорочните односи. Верувам длабоко и искрено во ветувањето на нашите односи и во моќта на дипломатијата заснована на почитување и исто така во споделената способност да обликуваме иднина која функционира. Не само за денес, туку и за генерациите кои доаѓаат“, изјави Муцунски.

Герапатритис и Муцуски, како што изјавија, разговарале за состојбата на билатералните односи, но и можностите како таа да се продлабочи, при што Герапатритис констатираше дека постои силна соработка во областите на економијата, трговијата, инвестициите, но и проекти за интерконекции поврзани со транспортот и енергетската мрежа.

Муцунски од своја страна информираше дека разговарале и за проекти како што е Коридорот 10 и гасниот интерконектор, но не само како техничко прашање, туку како основа за раст и безбедност и регионално поврзување.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе