Вести Македонија Најважни

И со обвинета за корупција, претседателка, Антикорупционерите ќе продолжат да гонат корупција иако немаат конкретен став за Димитровска која не оди на работа, а добива плата

Двете обвиненија за издавање на службена тајна и за злоупотреби при полагање за државна тајна, Антикорупциската комисија ги смета за индивидуална одговорност на се уште активната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска.

-Поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата Претседателка. Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои во првото официјалното соопштение на ДКСК, откако во петок беа поднесени две обвиненија против Димитровска.

ДКСК смета дека надлежноста, покрај во лични раце на обвинетата Димитровска е и во Собранието.

-Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав, толкуваат од Антикорупциска комисија.

Од Комисијата потврдуваат дека Димитровска не доаѓа на работа со оправдување дека тоа е поради судските одлуки.

-Ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа, соопштија од ДКСК.

Од крајот на април, кога беше отворена истрагата за Димитровска, таа продолжи да ја води ДКСК од дома, за што добива и плата од државниот буџет и даночните обврзници.

За претседател(ка) на ДКСК законски е предвидена плата за функционери со коефициент од 3,48 односно во висина од 3,48 просечни плати исплатени во минатата 2024-та година. Платата е на ниво на заменик претседател на Собранието или на ниво на плата на заменик претседател на влада.

Лани просечната бруто плата беше над илјада евра односно 61 904 денари. Согласно коефициентот, основната бруто плата на Димитровска е 215 452 денари. Таа, според официјалната биографија работи од 2001-ва или има 24 години стаж. На основната бруто плата се додаваат и 12% додаток за стаж односно 25 851 денари.

Збирот на двете суми е 241 303 денари бруто плата. Согласно калкулаторот за пресметување на плати, нето платата на Димитровска додека се води истрага за неа била 157 390 денари или околу 2 560 евра месечно.

Димитровска е обвинета за оддавање на службена тајна бидејќи на обвинетиот Небојша Стојановиќ во случајот Адитив, му испраќала фотографии од предмет кој се однесувал на случаите со набавката на адитиви и мазут за државниот енергетски систем. Дополнително при истрагата е откриено дека Димитровска добила сертификат „државна тајна“ иако нејзин колега-ревизор полагал за неа онлајн, со шифрите на Димитровска.

Во продолжение обраќањето на ДКСК по поднесеното обвинение против Димитровска:

Во врска со покажаниот интерес на јавноста информираме дека Собранието на Република Северна Македонија е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата Претседателка.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав.

Воедно, Ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе