Вести Македонија Најважни

Шест инвитрo постапки на товар на ФЗО, наместо три, времето на одлучување се крати на две недели

Вкупно шест, наместо три, обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието.

„Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација“, истакна Клековски.

Дополнително, рече, Фондот го скрати времето на одлучување од три месеци на две недели.

„Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес“, потенцира Клековски.

Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство.

„Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комсија со што се скратува процесот и обезбедува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост“, нагласи Клековски.

Според ФЗО, се поголем број на брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе