Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница, по престрелка во скопско Батинци.
„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.
Полицијата изврши увид на терен, а се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад пукањето. Објави и дека убиениот е застрелан во возило „киа“ во движење, а познати се и иницијалите на напаѓачот.
Денеска (11.07.2025) околу 10:15 часот во СВР Скопје , М.Е. пријавил дека на влезот на с.Батинци, скопско, М.Џ. пукал со огнено оружје кон патничко возило „Киа“ кое било во движење. А.М.(50) се здобил со прострелни рани во пределот на градниот кош и бил пренесен во ГОБ„Св Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде во 11.00 часот од страна на доктор била констатирана смрт, велат од МВР.
