Вести Македонија Најважни

Неисплатени средства ги паркираше автобусите на приватните превозници

Автобуските постојки со граѓани, но не и приватни автобуси. Револтот голем,чекањето превоз уште поголемо- со часови во надеж дека некој конечно ќе застане на станица. Некои општини и отсечени од градот, граѓаните бесни за состојбата со јавниот превоз.

Проблемот во тоа што ги паркираа своите возила, приватните превозници го лоцираат во раководствотот на ЈСП кој тврдат дека им должи над 150 милиони денари, пари неисплатени од месец декември. Тврдат штом легнат парите на сметка веднаш ќе почнат со работа.

Паднат е интересот поради нискиот квалитет на услугата, затоа треба да се размислува за друг превоз како метро системи или трамвари за да има брз одговор за потребите на граѓаните сметаат познавачаите на оваа проблематика.

Се обидовме да добиеме став од ЈСП за обвинувањата на приватниците и проблемот на граѓаните, но одбија да дадат изјава. Градоначалничката Арсовска пак утринава се огласи преку социјалните мрежи обвини за дестабилиација на градот од страна на како што вели бизнис групата Ганиу, Меџити и Адеми. Додава дека против неа е подготвен план кој првично предвидува дестабилизација на состојбата со превозот, потоа на состојбата со Комунална хигиена со цел да се предизвика хаос, дефокус на јавноста и политичка манипулација за спас на милионските бизнис интереси . Ова не е првпат приватните превозници да престанат со работа поради неисплатени средства.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе