Вести Македонија Најважни

Шесткатница дивоградба во Чаир, ОЈО поведе истрага

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула” во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како инвеститор на градбата – станбена зграда со деловни простории и катност По+П+6+Пк наменети за продажба.

По наредба на јавен обвинител, овластен судски вештак од областа на градежништвото констатирал моментална фаза на изграденост, односно изведени армирано-бетонски работи, целосно избетонирана скелетна армирано-бетонска конструкција, столбови, греди и плочи од подрум до шестиот кат, како и ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови со блок тула.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска да се јавува кај определено службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за изведување градежни работи на објектот-дивоградба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кавадарци процениле дека немало потреба за хоспитализација на детето што почина

Дејан Дејан

Јапонскиот Апелациски суд ја укина казната од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

Дејан Дејан

Брисел воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе