Македонија Најважни

Владата отвара пат за влез на КСС во економско социјалниот совет

Со спуштање на прагот на 50 проценти односно нето над 30 илјади членови за утврдување на репрезентативност Владата отвара пат за влез на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) во Економско социјалниот совет (ЕСС). По отворениот судир на релација Влада – ССМ околу минималната плата работата на ЕСС е блокирана, седници не се одржуваат бидејќи Владата со месеци ги брои членовите на ССМ за да им утврди репрезентативност

Договор а не политичка агенда. Ова е објаснувањето на премиерот Христијан Мицкоски за законските измени кои треба да поминат по брза лента во Собранието а со кои прагот за репрезентативност на синдикатите се намалува од сегашните десет на пет проценти од вкупниот број на вработени во Македонија.

Измените на законот се предложени до група пратеници од владејачката коалиција  Во образложението стои дека со намалување на процентот на половина од постоечкиот се изедначуваат условите и претставувањето на работодавачите и синдикатите во Економско социјалниот совет ќе биде еднакво. Со спуштањето на прагот на околу 30 илјади членови се отвара пат за влез на Конфедерацијата на слободнисиндикати (КСС) во советот.

Премиерот Мицкоски тврди на средба со синдикатите било заклучено дека и КСС треба да биде дел од советот а решение е законска измена и дека не станува збор за политичка одлука иако ССМ и Владата се во отворен судир околу висината на минималната плата и владата жестоко го напаѓаше ССМ со обиди за дискредитација на синдикалните лидери.

„Тоа беше резултат од разговорот, последниот пат кога бевме со сите синдикати заедно. Реално имаме два синдикати во Македонија кои што се на терен и тие два синдикати за да нема кој е внатре а кој не, кој има репрезентативност а кој не, сите да бидат во рамките Економско социјалниот совет и да има дијалог кој таму ќе се случува. Не е тоа нешто кое е некаква политичка агенда“, изјави Мицкоски.

Процесот на пребројување на членовите на ССМ за да може и официјално да се потврди репрезентативноста, кој почна пред повеќе од еден и пол месец, според премиерот е завршен а информациите на Телма велат дека на списоците на членови доставени од ССМ има 10,2 отсто до вкупниот број вработени во Македонија со што се исполнети условите за репрезентативност и по стариот закон. Токму одлоговлекувањето со утврдувањето на репрезентативноста ја блокираше работата на Економско социјалниот совет кој со месеци нема одржано состанок и без чие мислење беше утврдена висината на минималната плата.

Од ССМ засега без коментар околу најавите за намалување на прагот и доделување на репрезентативност на КСС.

Мицкоски најави дека предлогот на Левица за 500 евра минимална плата нема да биде поддржан од владејачката партија, а единствена измена на висината минималната плата ќе има ако тоа се договори на состанок на ЕСС.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стeвче Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Политички „ќорсокак“ за Изборниот законик – рокот пробиен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе