Вести Македонија Најважни

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Васил Јованов е прогласен за виновен и осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова. Пресудата беше изречена пред малку во Основниот Кривичен суд во Скопје. Покрај тоа, Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години.

Сообраќајната несреќа со смртни последици се случи на 29 јануари пред полноќ, кога Јованов, управувајќи автомобил од марката „Пежо“, ја прегази Кулакова на црвено, на обележан пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, во близина на Силбо. Зад воланот беше без возачка дозвола и под дејство на алкохол, што подоцна беше утврдено дека имал 0,80 промили во крвта.

Таткото на Фросина, по изрекување на пресудата, извика „мафија“ и ја напушти судницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе