Вести Економија Свет

Рекордни цени на јајца во Америка- една табла чини околу 1 150 денари- Турција ќе спасува

Само во јануари оваа година јајцата за јадење во САД поскапеле за 15,3%. За една година, растот на цената на јајца во Америка бил повеќе од половина односно годишната инфлација изнесува неверојатни 53%.

На интернет пребарувачот на големиот трговски центар Walmart, најевтина понуда за јајца е за пакување од 60 парчиња од класата А односно најмалите јајца во малопродажба. Кутија со, по нашки кажано, две табли чини 39,38 долари односно околу 2 300 денари. Или едно јајце е околу 38 денари. Тоа е речиси 4 пати поскапо од цената на јајцата со големина L во Македонија.

Цените на јајцата допрва се очекува да скокаат во САД. Причината е ликвидација на огромни јата на кокошки и други птици-несилки поради долгата и голема епидемија на птичји грип. Последниве две години поради болеста се уништени околу 110 милиони кокошки.

Огромниот пазар има побарувачка, а единствениот извезувач на јајца во САД е Турција која планира да го зголеми за 6 пати извозот. И во Америка, во 2025-та да извезе околу 420 милиони јајца (во 2024-та се извезени 71 милион турски јајца). Годишната побарувачка на американскиот пазар е околу 7,5 милијарди јајца.

Особено интересни се написите за проблемот во која американските медиуми наведуваат дека решението е во јајца од Турција односно Turkey по што следува заграда и обајснување дека станува збор за држава, а не за мисирки, бидејќи и државата и птицата се пишуваат исто ама значат различно. Американците и натаму го користат Turkey за државата од Босфорот иако официјална Анкара издаде препорака за да нема забуни и шеги, за име на државата да се користи топонимот Туркије.

Едно од решенијата е вакцинација на птиците за да се спречи ширењето на болеста, но тогаш може да се предизвика друг проблем- неможност за лоцирање на жариштата и намален интерес за купување на месо од живина произведено во САД кои се најголеми светски извозници на тој прехранбен производ.

Бидејќи епидемијата на птичјиот грип се уште не е завршена, а обновата на фармите со птици носилки ќе трае неколку години, цената дополнително ќе расте. Прогнозите се дека оваа година ќе има поскапување од дополнителни 20%. Или за порција од две јајца на око ќе треба да се платат наместо 76,  90 денари. Односно еден и пол долар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

ССНМ ја повикува претседателката Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

Дејан Дејан

Герила акција на „Кој е следен?“ – Платно со имиња на загинатите и повредените пред Обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе