Вести Македонија Најважни

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега

Нов земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рухтер регистриран веднаш по 21 часот во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите неколку дена.

Земјотресите во областа продолжуваат со несмален ритам, а карактеристично е што вчера во попладневниот период за 25 минути регистрирани биле седум последователни потреси со јачина меѓу 4,1 и 4,8 степени.

Паралелно претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција, Ефтимиос Лекасна на вчерашната информативна прес-конференција во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи предупреди за опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност на островот.

Земјотресите кои со денови го погодуваат копното на Санторини предизвикаа паника меѓу жителите кои почнаа да ги напуштаат своите домови стравувајќи дека тие се увертира за силен удар но и страв од можно Цунами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе