Вести Економија Топ вести

Вработените од државното правобранителство стапуваат во штрајк

Вработените во државното правобранителство од денеска стапуваат во штрајк се додека не гo добијат додатокот на плата од 30 отсто.  Со оглед дека постпаките за експропријација се водат во правобрнаителството, очекувањата на синдиактот се дека брзо ќе се постигне догвор за да се избегне застој во рабтоата на инфраструктурните проекти меѓу кои се оние од Бехтел и Енка.

Од УПОЗ за Телма соопштија дека следниот вторник, односно на 14 јануари и вработените во најмалку четири министерства планираат да протестираат по половина час од 11.30 часот до пладне, пред зградите на нивните министерства.

Одлуката за штрајк на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток.

Од УПОЗ се на ставот дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на оние од Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, во дел од здравство, образование и од финансии чии колективни договори се одобрени и им е овозможена исплата на овој додаток.

Дел од вработените во министерството за здравство реагираат дека тие немаат зголемување на приходите по било кој основ изминатите години, ниту имаат потпишано Колективен договор… Имено, во областа здравство потпишан е Анекс на Колективен договор помеѓу Владата и Синдикатот, кој се однесува за вработените во установите/институциите во здравството, кој не ги опфаќа вработените во Министерството за здравство… Продолжуваме да ги користиме сите институционални механизми за корегирање на ова долгогодишно нереализирано барање на вработените во МЗ кое за жал не беше реализирано изнинатите години, а посебно со оглед дека платите на сите сродни здравствени институции се значително повисоки од платите на вработените во Министерството за здравство, се наведува во реакциајта до Телевизија Телма..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе