Скопје утрово е се запиша како најзагаден град во Европа, а тоа го покажуваат податоците на швајцарската платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“. Според нивните анализи главниот град во земјава се наоѓа на 9то место на светската листа најзагадени градови, сам од регионот.
Индексот на загаденост е 170, а во моментов воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“. Утрово во главниот град е измерено присуство на 82 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички што според анализата на платформата е за 16,4 пати над дозволената горна граница утврдена од Светската здравствена организација.
Високо е и нивото на ПМ10 честичките кое според мерењата изнесува 123,2 микрограми на метар кубен.
Загадено утрово е и во дел од другите градови во земјава. Во Битола индексот на загадување изнесува 142, а големо загадување е измерено и во Кавадарци каде се бележи висок индекс на загадување од 169.
Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога домаќинствата ги греат своите домови.
Скопјани со протестен марш побараа борба против загадувањето на воздухот. Од Иницијативата „Зелен хуман град“ неколку дена пред почетокот на 2025 година упатија четири барања до надлежните институции за борба против аерозагадувањето.